Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

ВИДЕО: IOS14 со нов изглед кој фрапира

Apple ја отвори својата онлајн програмерска конференција WWDC20 со вообичаената Keynote презентација, на која ги претстави новите верзии на своите оперативни системи iOS, iPadOS, WatchOS и MacOS.

Покрај надградбите на софтверските платформи, најавена е и историската транзиција на Mac компјутерите на сопствените Apple чипови, засновани на ARM архитектура.

Извршниот директор на компанијата Тим Кук го отвори WWDC со инспириран говор за актуелната ситуација во светот, посебно во САД, појаснувајќи што се прави Apple за да ја поттикне еднаквоста на правата во заедницата, како и за да помогне во светот во борбата против пандемијата на Ковид-19.

iOS 14

Најпрвин беше претставен iOS 14,  новата верзија на оперативниот систем за iPhone и iPod Touch уредите. Најголемата промена ќе се случи на почетниот екран на iOS, на кој ќе можат отсега да бидат сместенни виџети, односно проширени погледи на некои од избраните апликации. Ќе биде можно да се избере нивната локација и големина и да се сместат по желба меѓу иконите на апликациите. Новитет е и App Library, кој на последниот екран на апликациите автоматски ќе ги сортира сите оние непотребни и помалку користени апликации.

Новиот iOS 14 го донесува и Picture in Picture режимот на работа, во кој ќе можат истовремено да се гледа видео и да се користат другите апликации. Siri повеќе нема да го зазема целиот екран, туку само дел од него, а беше истакнато дека паметниот дигитален асистент ќе стане уште попаметен и ќе има уште повеќе функции, а ќе знае и одговори на уште повеќе прашања. Новата апликација Translate ќе го преведува текстот и говорот меѓу 11 достапни јазици.

Апликацијата Messages ќе добие опција некои од разговорите да се прикачат на врвот на листата. Надградени се и Memoji, а групните пораки ќе имаат нешто појасен интерфејс за полесно снаоѓање. Најавени се и подобрувања за Apple Maps, CarPlay, а најавена е и сосема новата функција CarKey, која преку NFC ќе може со iPhone да отклучи некои од поновите автомобили (најпрвин BMW моделите). Клучевите од автомобилот преку оваа апликација ќе биде можно лесно и едноставно, само со една порака да се испратат до некој друг.

Апликациите од iOS 14 ќе бидат достапни и како App Clips, односно како само нив помал дел, со ограничена функционалност, кои ќе биде можно да се преземат на смартфонот без преземање на целата апликација. Ќе бидат полесни од 10 мегабајти, а функциите и начините на користење ќе бидат оставени на креативноста на програмерите. Како што и тоа досега беше случај, новата верзија на оперативниот систем за iPhone ќе биде достапна наесен.

iPadOS 14

И iPad верзијата на мобилниот оперативен систем ќе ги добие истите виџети. Подобрувања во облик на странично мени (sidebar) ќе добијат апликациите Photos и Music, а и Siri ќе биде „намалена“ како и на iPhone.

Универзалниот пребарувач во iPadOS отсега ќе ги пребарува контактите, документите и апликациите. Оперативниот систем за iPad во новата верзија автоматски ќе го препознава ракописот напишан со Apple Pencil, без разлика на тоа каде ќе го напишете и внесот ќе се претвора во текстуален формат.

AirPods и watchOS 7

Безжичните слушалки на Apple, AirPods отсега ќе можат автоматски, или како што вели компанијата „магично“ да препознаваат кој уредот сака корисникот да го има во раце, па ќе го префрлаат изворот на звукот на него. AirPods Pro слушалките ќе добијат посебни алгоритми кои ќе овозможат слушање на звукот со сараунд искуство (Spatial Audio), иако со само две слушалки.

Најавени се и помали најдградби за watchOS во верзијата 7, кои вклучуваат повеќе „компликации“ за една апликација, неколку нови почетни страници, како и полесна размена на „лицата“ на часовникот со пријателите и преку интернет. Apple Watch со оваа надградба ќе го следи и сонот на корисникот преку апликацијата Sleep и ќе му помага во постигнување на поквалитетно и подолго спиење, како и полесно будење. Apple Watch ќе може и – во склад со актуелната ситуација – автоматски да препознае кога корисникот ги мие рацете. Веднаш ќе му препорача и колку долго тоа да го прави и да открие дали доволно добро се грижи за својата хигиена.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: