Актерката Емра Куртишова или Исаура од „Преспав“ пред почетокот на новата сезона со македонската серија, одговараше на прашањата од Стефонатор во „90 секунди“. Прашањата се поврзани со серијата и ќе ве насмеат до солзи. Исаура го опишува Талат, зборува за нејзината најомилена песна, последната магија фрлена врз Јелена и за куп други пикантерии од пансионот.
„Ако си ги местиш работите нема да ти биде тешко“, рече Исаура на прашањето „Дали е тешко да се биде чистачка?“, каде потенцираше дека таа е собарка.
На прашањето кој ти е омилен газда, Исаура рече „Немам омилен газда, ако стане Таци, тој ќе ми биде омилен газда“.