Медиасет.мк

#ФОКУС

(ВИДЕО) Нов бизарен тренд на ТикТок: Тинејџери си ги рамнат забите со турпија

На социјалната мрежа ТикТок се појави нов тренд што се шири меѓу младите – си ги израмнуваат забите со турпија, го снимаат процесот и го објавуваат видеото.

Бројот на вакви видеа е огромен, а стоматолозите предупредуваат колку е тоа штетно и глупаво.

– На таков начин ги уништувате забите и правите непоправлива штета – изјавил д-р Чед Еванс за „Insider“.

Стоматолозите предупредуваат дека дури и професионалното израмнување на заби е многу опасно и со тоа се скратува нивниот животен век, а аматерското израмнување може да биде погубно.

https://www.instagram.com/p/CDrryEOp2Yd/

Трендинг

На почеток
error: