Медиасет.мк

#КИНО

(ВИДЕО) Погледнете го вториот трејлер за „No Time To Die“, новиот филм за Џејмс Бонд

„Јуниверзл пикчр“ вчера го објави најновиот трејлер за филмот за Џејмс Бонд, 25-ти по ред, со Даниел Крег во улогата на најпознатиот таен агент, кој носи наслов „Нема време за умирање“  (No time to die),

Публиката го опиша трејлерот – експлозивен.

.„Мисија која менува сè“, дознаваат фановите од трејлерот за филмскиот продолжеток со Даниел Крег во главната улога.

Филмот требаше да пристигне во киносалите во април годинава, но поради пандемијата на коронавирус, премиерата беше одложена за ноември.

За филмот е познато и дека мирот на Бонд ќе го наруши неговиот стар пријател Феликс Лејтер од ЦИА, кој ќе побара негова помош. Мисијата за спасување на киднапираниот научник ќе се покаже многу поопасна отколку што се очекувало.

Во филмот ќе го видиме и оскаровецот Рами Малек, во улога на негативец, како и Леа Сејду, која се враќа во улогата на девојката на Бонд.

Даниел Крег по петти, и последен пат, се појавува во улогата на Бонд. Останатата филмска екипа ја сочинуваат Ана де Армас, Џефри Рајт, Реиф Фајнс, Кристоф Волц, Наоми Харис и Бен Вишоу.

Трендинг

На почеток
error: