Медиасет.мк

#ФОКУС

(ВИДЕО) Потресна слика од опожарена зграда во Белград: Помогнете ни, гориме!

Во станбена зграда во Белград вчера околу 13 часот избувна голем пожар кој ги затекна жителите во своите домови.

Според информациите кои доаѓаат од српските медиуми пожарот бил предизвикан од свеќа која се користела за домашни слави.

По доаѓањето на противпожарните служби, жителите биле веднаш евакуирани.

Од видеата може да се забележи како повозрасни лица во пижами излегуваат потресени од опожарената зграда.

Српското МВР првично соопшти дека од зградата се евакуирани три лица, од кои едно малолетно лице е пренесено во Ургентниот центар во Белград.

15-годишното девојче во пожарот се здоби со сериозни изгореници по телото, а нејзиниот глас можеше да се слушне од терасата на нејзиниот дом од каде што бараше помош.

Грбот на девојчето е целосно изгорен, како и задниот дел од нозете и рацете.

Таа била зафатена од пожарот додека се туширала, а нејзината мајка во тој момент била во продавница.

На местото интервенирале 26 пожарникари со шест возила.

Пожарот избувнал на десеттиот кат од зградата, по што сите станари биле веднаш евакуирани.

Истрагата за настанување на пожарот е во тек.

Трендинг

На почеток
error: