Медиасет.мк

#КИНО

(ВИДЕО) Режисерот ветува дека римејкот на „Кум 3“ ќе му даде нов живот на филмот

Френсис Форд Копола помина месеци работејќи на претстојната нова верзија на „Кум 3“. Во ново видео, легендарниот режисер ветува дека оваа монтажа ќе му даде нов живот на филмот.

„Парамаунт Пикчрс“ во вторникот го објави трејлерот и изјавата на Копола за претстојниот „Кумот на Марио Пузо, Кода: Смртта на Мајкл Корлеоне“. Филмот, кој е најавен како оригинална визија на сценаристот Марио Пузо и Копола, премиерно ќе се прикаже во киносалите на 4 декември и на „Блу-реј“ и дигитал на 8 декември.

„Го преуредив и му дадов нслов кој што всушност не е нов, туку оригинален: „ Кода: Смртта на Мајкл Корлеоне “, рече Копола.

„Во музичка смисла, терминот кода е нешто како епилог, сумирање, и тоа е она што сакавме да биде филмот. Ќе видите филм кој има поинаков почеток и крај, многу сцени се репозиционирани и на филмот му е даден нов живот,“ вели режисерската легенда.

Филмот се фокусира на напорите на Мајкл Корлеоне (Ал Пачино) да го оттргне своето семејство од криминалната империја што ја презеде и управуваше во првите два филма „Кум“. Иако првите два дела во трилогијата се сметаат за најголемите филмови во историјата на киното, критичкиот прием на „Кум: Дел 3“ беше прилично измешан.

Во филмот играат Ал Пачино, Дајан Китон, Енди Гарсија, Франк Д’Амброзио, Бриџит Фонда, Џорџ Хамилтон, Џои Мантегна, Талија Шајр, Ели Валач, Софија Копола и Раф Валоне.

Трендинг

На почеток
error: