Медиасет.мк

#КИНО

(Видео) Специјалната епизода на „Пријатели“ ќе биде достапна и во Азија на 27 мај

Фановите на култната ТВ-серијата „Пријатели“, која заврши во 2004 година, со нетрпение ја очекуваат средбата на шесте актери во една епизода, без претходно напишано сценарио.

Средбата со наслов Friends: The Reunion Special ќе се емитува на американскиот „Ејч-би-о макс“ на 27 мај, но фановите во Азија се чувствуваа малку изоставени.

А сега сите фанови во Југоисточна Азија може да се вклучат во забавата и да ја гледаат дружбата на познатата шесторка во ист ден и време како и во Америка.

Повторното обединување на пријателите ќе се емитува на 27 мај во 3.01 часот (SGT), екслузивно преку HBO GO во Сингапур, Индонезија, Малезија, Филипини, Тајланд, Виетнам, Хонг Конг и на Тајван.

Првпат по 17 години, фановите ќе го видат враќањето на sвездите на „Пријатели“ – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.

На почеток
error: