#КИНО
(Видео) Специјалната епизода на „Пријатели“ ќе се емитува на 27 мај
Долгоочекуваната дружба на актерите од хит-серијата „Пријатели“ ќе се емитува на 27 мај и ќе има голем број славни гости: Џастин Бибер, Лејди Гага, К-поп бендот „БТС“, Џејмс Корден, Дејвид Бекам, Синди Крафорд и други, соопшти стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ во четвртокот.
Специјалната епизода Friends: The Reunion, со шесте актери од оригиналата екипа, првично требаше да се снима пред повеќе од една година, но постојано се одложуваше поради пандемијата.
Ненапишаната, еднократна „спешл“ – специјална епизода без подготвено сценарио – беше снимена претходно оваа година на истата сцена во Лос Анџелес каде што се снимаше и оригиналната ТВ-серија за малата група 20-годишници, кои ги глумеа Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Метју Пери.
Официјалниот трејлер не открива многу, а на него ги гледаме шесте главни ликови како одат заедно кон студиото во кое се снимаше култната серија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.