Медиасет.мк

#ФОКУС

ВИДЕО: Страотна смимка како монструм фрла куче во езеро, полицијата спие

На социјалните мрежи се појави видео во кое човек фрла куче во езеро. Според коментарите под видеото, најверојатно овој немил настан се случил во Дојран.

Исто така преку коментарите се бара од Министерството за внатрешни работи да го истражи случајот.

Актарката Ирена Ристиќ на Фејсбук објави статус преку кој информираше дека и покрај тоа што се обиделе да го пријават случајот, сепак не успеале.

„Не само што електронски пријави не прифаќаат од Министерство за внатрешни работи, ни во станица не можеш да пријавиш!

1. Се јавувам на 192 да го пријавам видеото.
Одговор: Не може, вртете во најблиска станица и одете таму лично да пријавите.

2. Се јавувам во ПС Беко да прашам дали можам таму да го пријавам видеото.
Одговор: Може, ама мора лично да дојдете.

3. Одам во ПС Беко лично да пријавам.
Одговор: Не може тука да се пријави ако не е ваше кучето. Мора да одите во МТВ на 2 кат – економски криминал.

Јас: *по третпат го прашувам џандарот дали е сигурен или и од МТВ ќе ме препраќаат на друго место*
Сигурен е.

Таман тргнувам да одам и на џандарот му светнува дека до 15 ч. денес работеле и веќе не работат “2 кат – економски криминал”?! Пошто после 15 ч. економски криминал спие и одмара!

Јас: Добро, сакам денес да пријавам, електронски може ли да им поднесам пошто КРИМИНАЛ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ РАБОТАТ?
Одговор: Не може.

Виц од “држава” сме ние. Банана е комплимент за нас“, стои во статусот.

Трендинг

На почеток
error: