Полицајци физички нападнати додека апселе неколку лица пред пекарата „Силбо“ на булеварот Партизански одреди. Од видеата кои се јавно споделени најпрво се слуша вербална расправија, која потоа, прераснува и во физичка пресметка.
Во видеото се слуша како лицата кои подоцна беа уапсени им се дерат на службениците, но и како се жалат од употреба на прекумерна сила.
По кратко време, настанува хаос, а од видеото се гледа како еден од момците го фаќа полицаецот за врат.
https://twitter.com/JohnnyParka/status/1313461959854108674
