ВИДЕО: Велешките пожарникари спасија маче заглавено на бандера

Велешките пожарникари имаа несекојдневна акција, откако биле повикани да спасат мало маче. Откако граѓаните не успеале сами да симнат малото маче кое стои на жици од бандера, преку фејсбук-објава на здружението „Гласот на животните“ од Велес, активистите ги повикале пожарникарите да им помогнат во целта.

Набрзо, од здружението објавија уште едно видео, на кое се гледа како пристигнува возилото на противпожарната служба.

За среќа не беше заглавено!😂🤦🏼‍♀️Ние сме многу позитивно изненадени од брзата реакција на Противпожарната екипа од Велес, Вие сте херои❤️Има капка надеж за нас!Фала ви од срце!❤️

Geplaatst door Animals' Voice – Здружение за заштита на животни ВЕЛЕС op Zondag 24 mei 2020

„За среќа не беше заглавено! Ние сме многу позитивно изненадени од брзата реакција на Противпожарната екипа од Велес, Вие сте херои! Има капка надеж за нас! Фала ви од срце!“, напишаа велешките активисти од „Гласот на животните“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *