Медиасет.мк

#ФАЦИ

(ВИДЕО) Запознајте ја Зарина, македонката која македонските песни ги пее и на Алпите!

Зарина Првасевда е девојче од Демир Хисар кое живее во Скопје. За неа ќе каже „Го барав патот до ова кое сега го правам“. Таа вели дека музиката и е љубов, во тој дух и растела. Музичар е и татко и. Има 26 година и куп препеви на стари македонски песни по кои е препознатлива. Ќе рече: „Знам што е моја страст и за што живеам, музиката е мојот пат“.

На социјалните мрежи има илјадници лајкови и воздишки на нејзините композиции. Позната е како „девојката која пее на планини“. Зарина сака и да ја подигне еколошката свест кај луѓето, но и грижата за природата.

„Сакам да размислуваме. Видеата кои ги споделувам, ги користам своите пет минути за да кажам ‘чувајте и сакајте ја природата’. Кога човек ќе си ја најде врската со природата, светот станува мал. Да си направиме да ние убаво нам и нашите деца, поколенија“, вели Зарина во едно неодамнешно интервју.

„Медиасет“ веќе сподели едно нејзино видео каде таа ја изведува „Распукала Шар Планина“ и наиде на илјадници позитивни реакции. Сите се воодушевени од тоа што Зарина го прави. Но, тоа не е единствената композиција која ја има препеано Зарина.

Од „Праша ли Тинке мајка ти“, „Ајде слушај слушај Калеш бре Анѓо“, „Билбил пее во планина“, „Прошета се Јовка Кумановка“, „Градел Илија манастир“ и десетици други.

Прасевда пеела и свирела и во швајцарските Алпи. Со друштво и музички иструменти ја извела познатата „Прошета се Јовка Кумановка“, додека наоколу, сите ја слушаат и скијаат.

Трендинг

На почеток
error: