#ОХРИД
Викендов во ООУ „Братство Единство“ се одржаа турнири во шах
Викендов во ООУ „Братство Единство“ се одржаа турнири во шах за учениците од основното образование од Охрид.
На Младинскиот турнир Ласкер 2021 – кадети (до 14 год) учествуваа 13 момчиња и девојчиња. Јулиан Матески од ООУ „Григор Прличев“ го освои првото место со 6 поени од 6 партии, Стефан Матески од ООУ „Григор Прличев“ го освои второто место со 5 поени, а третото место го освои Елена Лушеска од ООУ „Братство Единство“.
На Младински турнир Ласкер 2021 – пионери (до 10 години) учествуваа 9 момчиња и девојчиња. Јована Котушеска од ООУ „Григор Прличев“ го освои првото место со 6 поени од 6 партии, Надалина Зимоски од ООУ „Григор Прличев“ го освои второто место со 4,5 поени, а третото место му припадна на Вук Бурмаја од ООУ “Григор Прличев“ со освоени 4 поени.
Сите учесници добија дипломи за учество и скромни награди. ШК „Ласкер Охрид“ финансиски е подржан од Општина Охрид и други помагатели.