#ОХРИД
Започнува четвртата Уметничка колонија во Трпејца
Oд денеска до понеделник во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“во Трпејца ќе се одржи четвртото издание на Уметничката колонија која и во време на Ковид -19 ќе го задржи интернационалниот карактер.
Инспирани од овој неверојатно убав крај во наредните четири денови сликарските платни ќе ги обојат: Наташа Попоска – Карче, Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски уметници од Охрид и Петрит Лараку од Поградец, Албанија.
Традиционално – уметниците ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците и мештаните.
Уметничката колонија е под покровителство на Општина Охрид.