Во продолжение ви пренесуваме јавен статус кој е објавен од „Емилија малите палавковци“ позната по нејзината хумана работа со спасување на животи, а која добила закани дека ќе биде убиена, од како што вели, поранешниот дечко:
„”Човекот” што повеќе од една година ми влегува насилно или скришум, ме злоставува на секој можен начин, крши по дома, ми става нож под грло, ми се заканува со убиство и во состојба е да го изврши. Само да знаете дека го пријавувам во полиција, доаѓаат го вадат од дома, разговараат и го пуштат и он пак се враќа.
Вечерва ќе беше фатално. Ме спасија фала им, меѓутоа пак го пуштија. Заклучена сум, не смеам да излезам.
Треба ли да си викнам лично обезбедување 24/7, да се отселам на друга планета или да ја земам правдата во свои раце??? Замислете колку многу ми требало ова да го напишам! Нека стои, да знаат луѓето дека има илјадници жртви а никој не ги штити.
Се разболев, тотално попуштив психички. Ќе извадам лекарско и ќе го тужам. Никогаш немало да верувам дека такви луѓе постојат. Ни на сон, ни на филм не сум верувала. Ова е неиздржливо. Откако ќе ми остане детето без мајка и еден куп животни дома за кои се грижам, ич не ми е гајле колку ќе ме жалат и оплакуваат.
Во смртна опасност сум а никој не превзема ништо!“, напиша таа.