Медиасет.мк

#ДОСИЕ

АЈДЕ ДРУГАРИ: чичко Драги има потреба од скромна донација за едно од кучињата за кои се грижи

„Другари знани и незнани, чичко Драги има потреба од скромна донација за едно од кучињата за кои се грижи. Поради повреда потребни се средства за да може да му се пружи соодветна помош. Сите вие кои ве носи патот накај Центар Рекорд ако сте во можност направете мал придонес што за некого значи многу“, стои во апелот за помош.

Другари знани и незнани, чичко Драги има потреба од скромна донација за едно од кучињата за кои се грижи. Поради повреда…

Posted by Bojana Nojic on Tuesday, April 6, 2021

Кој е чичко Драги?

Речиси и да нема човек кој не го знае.

Во строгиот центар на градот, веќе 30 години по ред, Драги Паровски, еден човек со големо срце, но и големи несреќи во животот, непрекинато се грижи за животните-скитници, од единствената мала заработувачка која ја влече од тезгичката со дре­бу­лии кај „Рекорд“.

Неговата приказна е полна со трагедии, меѓутоа од сите препреки, во него секогаш знае да победи љубовта кон кучињата и мачињата, кои ги храни не само надвор, туку и во својот дом. Чичко Драги е најсреќен е кога ќе му подарат храна за животните.  окму заради неговата добрина секогаш имало луѓе кои му помагале, така што тој се потпирал на помошта од хуманите граѓани и општината Ѓорче Петров со прибирање средства за операциите и задоволување на основните потреби како храна и покуќнина.

Драги се храни со јогурт, сок од домати кој сам го приготвува и банани поради состојбата на грлото. Секој ден има одреден час кога продава, кога мора да се врати дома за да ги нахрани кучињата, кога треба да ги менува газите на грлото и со таа рутина тој досега се одржува себеси и животните. Од компликациите од оперативниот зафат се оставени последици во неговото физичко здравје, а тој станува лице со посебни потреби, со единствен приход од социјалната помош и приходот од тезгичката.

На почеток
error: