Медиасет.мк

#ФАЦИ

Џамбазов за Тоше: Поминаа 13 години, а ние ништо не научивме од него

Македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, почина на денешен ден пред 13 години. Тој загина во сообраќајна несреќа што се случи кај Нова Градишка, Хрватска, околу 6:20 часот утрото. И по тринаесет години од неговата смрт, со солзи во очите и многу емоции, фановите се сеќаваат на Тоше, ги пеат неговите песни, раскажуваат за спомените што ги врзуваат за големата музичка ѕвезда.

Актерот Игор Џамбазов на својот профил на инстаграм објави фотографија со текст:

-Поминаа 13 години, а ние ништо не научивме од него…

https://www.instagram.com/p/CGZIgczMr4_/

Весна Петрушевска преку емотивен статус ја сподели болката која ја чувствува и 13 години од смртта на Тоше Проески.

-13 години Тоше неверојатно…како вчера да си правевме муабет пред снимање, па излеговме да ми го покажеш туарегот…се смеевме како подзакривуваш со ногата и како си ја повредил..колку беше убав,колку беше убав таа вечер…изморен, смирен, насмеан…ми кажа уште нешто таа вечер..те сакам, недостасуваш…врне и сега…како и оној понеделник…, напиша Петрушевска на Фејсбук.

Трендинг

На почеток
error: