Медиасет.мк

#ФОКУС

Глигиќ: Без вакцината, крајот на пандемијата не е на повидок

Лицата кои примиле вакцина против коронавирусот не можат да бидат асимптоматски носители, ниту можат да го пренесат вирусот на оние кои не биле вакцинирани – изјави вирусологот Ана Глигиќ за српски Телеграф.

Таа посочува дека задачата на вакцината е да создаде антитела и да го зајакне имунитетот. Таа исто така потсетува дека има и подолг начин да се создадат антитела – инфекција со коронавирусот, но во тој случај, антителата се произведуваат побавно, дури и кај луѓе кои немаат никакви симптоми на инфекција.

– Ако веќе имате коронавирус, на телото му требаат од 10 до 14 дена за да создаде антитела кои ќе го елиминираат вирусот од организмот. Телото започнува да произведува антитела веќе седмиот ден, на 14-тиот ден тие достигнуваат високо ниво, а потоа продолжуваат да растат до 27 ден. По некое време, нивото на антитела почнува малку да се намалува, но тоа ниво набрзо се стабилизира, а потоа трае неколку месеци, истакнува Глигиќ.

Дали антителата создадено од вакцините ќе траат подолго, зависи од состојбата на нашиот организам, објаснува соговорникот на Телеграф.

Познато е дека Ковид-19 е мултисистемска болест – навлегува преку респираторниот тракт, но може да се прошири и на други органи. На прашањето дали, доколку сме примиле вакцина против Ковид-19, тоа не може да влијае на развојот на други болести во организмот како сега, вирусологот Глигиќ рече:

„Ниту една вакцина не штити 100 проценти. Вакцината против коронавирус ќе обезбеди да не стигнеме до болницата; дури и ако некаде го „добиеме“ вирусот, ќе го преболиме „на нозе“, а можеби дури и нема да знаеме дека сме имале вирус. Инфекцијата по вакцинацијата го зголемува имунитетниот статус на организмот и нема да ни наштети, нема да завршиме на респиратор, ништо лошо нема да ни се случи. Коронавирусот повеќе нема да делува на другите органи“.

Глигиќ потсетува дека коронавирусот најпрво се размножува на местото каде што влегува, а потоа се „спушта“ до белите дробови. Преку крвта и лимфата „оди“ до другите органи.

– Ако вирусот нема афинитет кон клетките на другите органи, тој нема да биде прифатен таму. Ако организмот е силен, вирусот нема да „оди“ до црниот дроб, слезината и другите органи – наведува Глигиќ.

Глигиќ смета дека вакцината против коронавирусот треба да ја примаат и оние кои веќе го прележале Ковид-19 со лесна клиничка слика, со цел да се зајакне имунитетот и да се создаде дополнителна количина антитела.

-Без вакцината, крајот на пандемијата не е на повидок – потсетува меѓународно признатиот вирусолог.

– Но, за да се создаде колективен имунитет, потребно е што поголем број луѓе да се вакцинираат што е можно поскоро. Во времето на сипаниците, 18 милиони луѓе беа вакцинирани за 15 дена и беше изграден „ѕид“. Сега, поради состојбата со вакцините, парцијално се спроведува имунизација не само во Србија, туку и низ целиот свет. Но, важно е луѓето да се вакцинираат за да не го ризикуваат своето здравје, додава таа.

Трендинг

На почеток
error: