Медиасет.мк

#ФОКУС

Има девет години и е во животозагрозувачка состојба: Ако се здружиме, донираме, споделиме – ќе ја спасиме!

Дариа Димовска има само 9 години и веќе 1 година се соочува со животозагрозувачка состојба. На Дариа и е дијагностицирана ретка малформација на мозокот (AVM Malformation).

Артериите се одговорни за земање крв богата со кислород од срцето до мозокот, за да се воспостави нормален процес на работа на целиот организам. За жал кај деветгодишната Дариа тој витален процес е нарушен. Можат да настанат бројни компликации како: крварење во мозокот, намален кислород до мозочното ткиво, тенки или слаби крвни садови, оштетување на мозокот, епилептични напади и низа други проблеми.

За жал ќе мора да подлежи на неколку операции кои ветуваат многу за подобрување на нејзината состојба. Операциите се извршуваат во ESSEN Германија. До сега се направени две операции кои се покриени од страна на фондот за здравство, преостануваат уште 2-3. Следната е закажана на 27 јануари, наредната година.

Поради пандемијата со секое наше заминување во Германија подлежиме на карантин во времетраење од 1 месец, за кои трошоците за престој се високи и ние како семејство не сме во можност да ги платиме.

Потребна ни е вашата помош. Потребна ни е секоја ваша донација, секое ваше споделување, за успешно да победиме во битката за животот на Дариа.

Донирајте овде.

Трендинг

На почеток
error: