Медиасет.мк

#ФАЦИ

ВИДЕО: Пандев падна на скриената камера, го наместија и тоа квалитетно

Македонскиот капитен Горан Пандев бил жртва на урнебесна италијанска скриена камера на телевизијата „Медиасет“.

Во „местенката“ за Пандев учествувал капитенот на Џенова Доменико Кришито и агентот на Пандев Леонардо Корси.

Имено, додека седат и се дружат во едно кафуле Корси му се јавува на Пандев и му кажува дека клубот решил да го продаде во Индија. На почетокот Пандев беше убеден дека е шега, но како што работата одминуваше и Корси му кажуваше детали изгледаше сериозно.

– Ма како Ченаијин, каква Индија. Попрво ќе си пукам во уста – реагира Пандев до своите соиграчи.

Да биде поинтересна, во целата приказна се вклучуваат и навивачите кои за брзо се појавуваат со транспаренти пред куќата на Пандев и скандираат: „Пандев предавник!“. Македонскиот репрезентативец им објаснува за што станува збор, па по извесено време се појавува и водителот на шоуто „Скриена камера“ објаснувајќи дека се работи за шега.

Целото видео може да го погледнете тука

Трендинг

На почеток
error: