Медиасет.мк

#ОХРИД

Охриѓанец на 28 години почина од коронавирус. градоначалникот повикува на внимателност и почитување на мерките

Во болнички услови, денеска починал 28-годишен пациент од Ковид-19. Тој е најмладата жртва на вирусот во текот на изминатото деноноќие. 28-годишниот маж бил со две хронични заболувања и починал на една од скопските Клиники, велат од Министерството за здравство. Охридскиот градоначалник изрази сочуство до семејството и сограѓаните.

„Како последица од Ковид 19 денеска згасна уште еден млад живот. Со големо жалење ја примив веста за смртта на младото 28 годишно момче од Охрид. Упатувам сочувство до неговото семејство и до сите наши сограѓани кои изгубија свои блиски како последица на пандемијата. Исто така упатувам пораки за добро здравје и трпение до сите сограѓани кои во моментот ја водат битката со вирусот. Уште еднаш апелирам за максимално почитување на актуелните мерки за заштита и превенција. Да бидеме внимателни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје“, пишува Константин Георгиески, градоначалник на Општина Охрид.

Трендинг

На почеток
error: