Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

ВИДЕО: Сите предвидуваат иста пејачка дека ќе биде победничка на Евровизија

Остануваат нешто повеќе од 40 дена до почетокот на Евровизија, а обложувалниците одамна започнаа со предвидувања на победникот.

Британските Смаркетс, букмејкер познат по одличното предвидување на резултатите (меѓу другото и претседателските избори), предвидуваат дека победник на овогодинешниот натпревар на Евровизија ќе биде малтешката пејачка Дестини, а засега и даваат 17% шанса за победа.

Малтежанката исто така ја фаворизираат и другите обложувалници, а таа е на врвот откако нејзината песна Je Me Casse беше објавена на YouTube.

На Малта исто така се гледа како победник според анкетите, па така на Wiwibloggs ,Малта со денови е на врвот според бројот на гласови.

Оваа година Малта е претставена од малтешко-нигериската пејачка Дестини Чукунјер, која има само 18 години. Дестини пее на англиски јазик, а песната е именувана по краткиот дел на француски сленг. Дестини веќе победила на Евросонг, но на детскиот, во 2015 година.

Трендинг

На почеток
error: