Медиасет.мк

#ФАЦИ

Почина Васил Хаџиманов, легендата која ја отпеа “Како Вардар ќе те однесам”

Зафир Хаџиманов, актер, пејач и композитор почина како последица од коронавирусот, пишува порталот Курир.рс.

Хаџиманов беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез музичар.

Зафир ХАЏИМАНОВ, (Кавадарци, 12.XII. 1943) – е македонски автор и интерпретатор на популарна музика, актер, писател и почесен амбасадор на македонската култура во Белград. Дипломирал во 1967 година на Факултетот за драмски уметности во Белград. Уште како студент ја започнал својата естрадна кариера. Учествува и добива награди на фестивалите во: Белград, Загреб, Сплит, Скопје, Сопот (Полска), Варадеро (Куба). На филмското платно се јавува како главен протагонист во филмовите „Нож“ на Ж. Митровиќ и „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов. Подоцна настапува во голем број театарски престави на повеќе сцени, меѓу кои и во Бостон (САД). Својата сестраност ја манифестира пишувајќи и неколку збирки со поезија. Како пејач го обиколил целиот свет и настапил во: САД, Русија, Канада, Австралија, Куба, Франција, Австрија, Германија, Шведска и др.

Зафир Хаџиманов е роден  на 25 декември 1943 година, во Кавадарци, од татко Васил и мајката Вера. Расте и се воспитува во семејство каде на музиката и се посветува големо внимание. Неговиот татко Васил кој иако бил сестрано образован (студирал на Правниот и Филозовскиот факултет во Белград, магистрирал фармација во Загреб), најголем дел од животот и го посветил на музиката. Пред Втората светска војна Васил бил еден од првите македонски пејачи што снимал за Радио Белград и настапувал на повеќе концерти во странство, а во текот на својот живот собрал околу 8000 македонски и 700 албански народни песни.

Следејќи ги стапките на својот татко, Зафир Хаџиманов по завршувањето на гимназијата и музичкото училиште во Скопје, ги направи и првите успешни професионални чекори во светот на театарот и музиката. По матурирањето во скопската гимназија „Цветан Димов“ 1961/62 година, го положува приемниот испит и во 1962 година се запишува на Факултет на драмски уметности во Белград на одсекот глума. Дипломирал со одличен успех во класата на професорот Мате Милошевиќ.

Зафир Хаџиманов својата успешна професионална кариера ја започнува уште за време на своето студирање. Постигнува извонредни успеси како на театарската сцена, така и во светот на филмот и шоу бизнисот. Освојува значајни награди на сите тогашни југо фестивали во Белград, Загреб, Опатија, Сплит, Скопје. но и на интернационалните фестивал како  во Сопот (Полска) и Варадера (Куба). Игра главни улоги во филмовите Ж. Митровиќ „Нож“ и С. Попов „Македонска крвава свадба“.

Како интерпретатор на забавна музика и автор на текстови, Зафир ги снима своите први плочи уште во далечната 1963/64 година. Набргу ги освојува и своите први фестивалски награди. Со песната на А. Вучера „Зошто доаѓаш само со дождот“, ја освојува првата награда на фестивалот „Опатија 65“, а на Вечерта на шансоните „Загреб 1965“, ја освојува трета награда со песната на А. Дедиќ  „Човек како мене“. Истата година со уште пет најдобри студенти од Факултет за драмски уметности оди на повеќемесечно студиско патување во неколку универзитети во САД.

 

 

Трендинг

На почеток
error: