Медиасет.мк

#ФАЦИ

Саша Богдановиќ позитивен на коронавирус

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, објави дека е позитивен на коронавирус. Се тестирал денес и по добивањето позитивен резултат, тој е во домашна изолација.

„И покрај заштита во текот на пандемијата на Ковид-19, резултатот од тестот што го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура, е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите. Вирусот е опасен и непредвидлив. Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата“, објави Богдановиќ.

Градоначалникот на Центар пред неколку месеци беше актуелен во јавноста со венчавката што ја направи во манастирот „Грачаница“ во Косово.

Трендинг

На почеток
error: