Медиасет.мк

#ФОКУС

Скопје наскоро украсено, Шилегов не се откажува од новогодишната магија

Град Скопје од вчера почна со новогодишно украсување на градот. Предвидено е до 5 декември Плоштадот Македонија и улиците во центарот на градот да светнат со новогодишни украси и светилки. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека и покрај коронакризата, градската власт не се откажува од празнична, новогодишна атмосфера низ улиците и плоштадите во главниот град, бидејќи на тој начин ќе се врати надежта и насмевките на лицата на граѓаните, особено на децата, објави СДК.МК. 

„Оваа година, на нашите дечиња им е одземено многу, детството, училишната година, играта со другарчињата, радоста. Сметам дека во оваа тешка година и мрачно време во коешто живееме, не треба на светол момент како што е Нова година да останеме неми. Немаме право да го направиме тоа, немаме право да им ја одземе надежта и радоста на граѓаните и децата“, вели градоначалникот Шилегов.

Тендерот за новогодишно украсување на градот чини 200.000 евра.

Целиот текст на:  СДК.МК. 

Трендинг

На почеток
error: