Медиасет.мк

#ФАЦИ

Ваква хуманост е реткост: По донирани 500 компјутери, Борче израдува детенце со Плејстејшн

Борче Стаменов е пример за хуманост. Тој во 2016 година сосема случајно започнал со акција наречена „Донирај компјутер“, па секој свој слободен момент го посветува на поправка на стар компјутер или лаптоп, со цел да го подари на оние кои не можат да си дозволат.

Денес тој на социјалните мрежи објави дека бара плејстејшн за детенце на кого тоа му е животна желба, а само неколку часа подоцна информираше дека успеал да го обезбеди.

„Со Проект Среќа сакаме да најдеме донација Плејстејшн за еден малишан на кого ова му е животна желба. На 3.12 му е роденден. Ако некому му се мота некој половен, ве молам да ме контактирате за да усреќиме уште едно детенце. Ако знаете некој да се продава до 100 евра, ќе го купам и ќе ви го пратам вас за да го препратите до детето. Доколку не се наоѓа до таа цена, би сакал да учествувам во групен подарок“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Борче неодамна на социјалните мрежи објави дека досега има донирано 500 компјутери.

Трендинг

На почеток
error: