Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен струмичанец кој е осомничен дека објавувал фотографии од девојки, кои ги имале објавено на нивните профили на „Фејсбук“, на веб-страница за возрасни.
„Г.С. се сомничи дека во февруари 2020, без согласност од четири оштетени женски лица на возраст од 24, 25, 26 и 38 години, сите од Струмица, прибавил нивни лични податоци, односно фотографии, коишто оштетените лица ги имале претходно објавено преку нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук и ги искористил за да ги објави во албуми креирани од негов кориснички профил на сајтот за возрасни ‘xHamster’, информира МВР.