Connect with us

Hi, what are you looking for?

КИНО

(ВИДЕО) Објавен првиот трејлер од новата сезона на „Сексот и градот“

Веќе е потврдено дека американската серија „Сексот и градот“ ќе добие уште една сезона, а продукцијата, со претставувањето на трејлерот, реши да открие уште неколку детали за новите епизоди.

Во новите епизоди ќе се појават Сара Џесика Паркер, Ситнија Никсон и Кристин Дејвис. Актерката Ким Катрал, која ја глуми Саманта, не прифати да биде дел од проектот. Продуцентите открија дека новата сезона носи 10 нови епизоди и секоја од нив трае по половина час.

Новата сезона се вика „And just like that…“, а актерките веќе споделија кратка најава за новите епизоди на своите социјални мрежи. Сара Џесика Паркер кратко со видеото напиша:

„Не можев да не се прашам каде се сега?

Advertisement. Scroll to continue reading.

Продукцијата објави дека оваа сезона ќе го следи животот на три 50-годишни жени во Њујорк, односно нивните врски, пријателства, кариери.

error: