Медиасет.мк

#ФОКУС

(ВИДЕО) Падна првиот снег, побелеа Маврово и Пелистер

Вчерашното студено време придонесе на дел од планините низ Македонија да се појави и слаб снег.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од првиот снег кој падна во Македонија. Така првиот снег падна во Маврово, Нижеполе и Пелистер.

Од денеска повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштат под -5 степени.

Од понеделник ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. Во понеделник, како и во втората половина од следната седмица по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.

Трендинг

На почеток
error: