Македонскиот капитен Горан Пандев бил жртва на урнебесна италијанска скриена камера на телевизијата „Медиасет“.
Во „местенката“ за Пандев учествувал капитенот на Џенова Доменико Кришито и агентот на Пандев Леонардо Корси.
Имено, додека седат и се дружат во едно кафуле Корси му се јавува на Пандев и му кажува дека клубот решил да го продаде во Индија. На почетокот Пандев беше убеден дека е шега, но како што работата одминуваше и Корси му кажуваше детали изгледаше сериозно.
– Ма како Ченаијин, каква Индија. Попрво ќе си пукам во уста – реагира Пандев до своите соиграчи.
Да биде поинтересна, во целата приказна се вклучуваат и навивачите кои за брзо се појавуваат со транспаренти пред куќата на Пандев и скандираат: „Пандев предавник!“. Македонскиот репрезентативец им објаснува за што станува збор, па по извесено време се појавува и водителот на шоуто „Скриена камера“ објаснувајќи дека се работи за шега.
Целото видео може да го погледнете тука