Медиасет.мк

#ФАЦИ

ВИДЕО: Поминаа 13 години од последниот концерт на нашиот непробол Тоше

Пред точно 13 години, на денешен ден, односно на 5 октомври 2007 година, нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески на Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 40.000 посетители го одржа својот последен концерт.

Истиот беше од хуманитарен карактер и беше наменет за обнова на основните училишта во земјата и воедно значеше концертна промоција на неговиот последен објавен албум „Игри без граници“.

11 дена по концертот, односно утрото на 16 октомври Тоше во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, во Хрватска го загуби животот. Постхумно Тоше е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија, а денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

Трендинг

На почеток
error: