Медиасет.мк

#ОХРИД

(ФОТО) Охрид блесна во сино за лицата со аутизам, градоначалникот: Подобар живот е потреба, а не привилегија

Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, Lions клубот Лихнидос и компанијата ‘ПАП’ – Охрид го обоија и нашиот град во сино, испраќајќи силна порака за поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства.

„Во рамки на своите определби и заложби за создавање на општество кое нуди еднакви можности за сите, даваме силна поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства. Креирањето на услови со кои овие наши сограѓани ќе имаат подобар живот е потреба, а не привилегија. Токму поради тоа, сите заедно, во рамки на можностите и надлежностите, треба дадеме придонес во подигнувањето на јавната свест за поголема инклузија на лицата со аутизам во нашето општество“, напиша Константин Георгиески, градоначалник на Општина Охрид.

Трендинг

На почеток
error: